LOGNET ПОВРЗУВА

ПРОФЕСИОНАЛЦИ ВО ЛОГИСТИКА

ПОВЕЌЕ ОД 400 КОМПАНИИ

во Хрватска, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Австрија

ПОСТОЈАНО ИНФОРМИРАНИ

24/7 комуникација со превозници, доставувачи и локации за складирање

ЛОГНЕТ (LOGNET)

организација на транспортна и логистички мрежи

Нарачката на услуги за превоз по телефон и е-пошта одзема многу време. Lognet овозможува вмрежување на оние кои нарачуваат транспорт со транспортерите.

Размената на информации меѓу превозниците е клучно за ефикасно организирање на транспортот.
Вклучувањето на поголем број превозници при нарачувањето на транспортот и транспарентноста на процесот значително го зголемуваат одговорот и конкурентноста на цените на превозниците. Lognet е софтвер базиран на интернет што овозможува формирање на затворена мрежа на оператори и пристап до Транспортната берза.

Одредени функционалности:
  • Автоматско креирање на транспортната документација
  • Фактурирање на превозот од страна на превозникот директно од Lognet
  • Годишни тендери и тендери за индивидуален превоз
  • Ценовници и пресметка на превозот
  • Контрола на фактурата од превозникот
  • Следење на точноста на испораките со геокодирање
  • Размена на податоци со други информациони системи што компанијата ги користи
  • Достапност на Lognet-от и работа со паметни телефони
  • Трага во пишана форма за секоја трансакција (е-пошта)
  • Размена на податоци со други информациони системи (SAP, Jupiter, Pupilla, Ortec, Paragon, Mobilisis, CVS, 4dWand, Smartivo)

Логнет ѝ помага на компанијата да ги постигне пазарните цени на транспортот и ја зголемува од 20 до 40% продуктивноста на вработените кои го организираат превозот. Побарајте демо

YARD УПРАВУВАЊЕ

Управување со редоследот за товарење и истовар

Планирањето на товарењето и истоварувањето и следење на овие активности во реално време е предуслов за оптимално користење на ресурсите за складирање.

Преглед на сите испораки и капацитети за складирање.
Планирањето за товарењето и истоварот е предуслов за оптимално користење на ресурсите за складирање. Lognet yard management е софтвер базиран на интернет кој ги усогласува сопствените можности со можностите на доставувачите и превозниците.

Одредени функционалности:
  • Планирање на магацинските тимови преку YARD MANAGEMENT
  • Управување со товарењето и истоварот на секоја рампа преку DOCK MANAGEMENT
  • Можност доставувачите сами да резервираат слот
  • Најави за доцнење или порано пристигнување од страна на превозниците и доставувачите
  • Преглед на сите активност во и околу кругот (камиони на паркинг, во круг, при товарење / истовар, обработка на документација, итн.)
  • Интеграција на други деловни единици (набавка, продажба) кои имаат увид во зафатеноста на магацинот при нарачка на стоки
  • Историја на трансакциите
  • Real time dashboard (Контролна табла во реално време)
  • Аналитичка dashboard (Аналитичка контролна табла)
  • Извештаи

Lognet yard и dock management е алатка која ѝ помага на компанијата:
  • Значително да го намали чекањето на превозникот за товарење / истовар
  • Поефикасно да ги користи магацинските тимови и рампите за товарење / истовар
  • Чекањето на превозникот за товарење / истовар се намалува до 30%
Побарајте демо

LOGNETPRO

управување со сопствениот возен парк

Управување со флотата сопствени возила на едно место и прикажување на профитабилноста на сработеното. LognetPRO е интегриран со други сервиси и со сметководството.

LognetPRO ги следи сите процеси на транспортната компанија.
Интеграцијата на системите за следење со сателит и софтверот за сметководство, како и преземањето на податоци од други сервиси (патарина, картички за гориво) им дава на корисниците на LognetPRO голема предност во обработката на податоците. Како дел од софтверот на Lognet, LognetPRO овозможува работа со клиенти за транспорт и подизведувачи преку платформата Lognet.

Преку своите модули, LognetPRO овозможува:
  • Следење на налозите за превоз и планирање на сопствените ресурси
  • Управување со транспортната документација
  • Работен лист за патување, застанувања, дневници и трошоци
  • Следење на трошоците и управување со профитабилноста на секој превоз
  • Изработка на фактури и пресметки и пренесување во друг (сметководствен) систем
  • Евиденција на возачи
  • Евиденција на возила
  • Аларми за истекување на важење (каско, регистрација, сервис, КОД 95, итн.)
  • Аналитички извештаи
Побарајте демо

LOGNET ФАКТУРИ

е-Фактура, прием и контрола на фактури

Помалку хартија. Побрза проверка и книжење. Сметките пристигнаа на време. Помалку изгубени документи. Помалку неисправни фактури. Помалку сторно и исправки на ДДВ.

Традиционалното издавање и примање фактури на хартија не дозволува доволна брзина и контрола. Тоа е базирано врз вработени, со рачно одобрување и без автоматски контроли, тоа е скапо и одзема многу време. Дигитализацијата на процесот на фактурирање ја зголемува прецизноста од страна на превозникот, како и контролата од страна на нарачувачот.

Нарачување на транспорт → Налог за товарење → Фактура

Модулот Lognet фактури ја продолжува целата документација што нарачувачот и превозникот веќе ја имаат во Lognet и без дополнителни напори значително го забрзува процесот на издавање и примање на фактури, одобрување на фактури и книжење во сметководството.

ПРЕДНОСТИ НА МОДУЛОТ LOGNET ФАКТУРИ
  • Фактурите со сите прилози се примаат во Lognet сандачето за време на создавањето на фактурата.
  • Фактурите се добиваат во формат е-фактура
  • Софтверот Lognet автоматски ги контролира примените фактури со што се намалуваат на грешките и недоразбирања.
  • Одобрување на фактура со потврда/порака
  • Превозниците создаваат една фактура или групна фактура
  • Одобрените фактури се пренесуваат на ERP
  • Архива на фактури и прилози во дигитална форма
Побарајте демо

Што нудиме

УСЛУГИ ДИЗАЈНИРАНИ ЗА СЕКОЈ КЛИЕНТ, НО НА ИСТАТА ПЛАТФОРМА

Индивидуализиран пристап

Секој клиент има свој начин на работа. Lognet се прилагодува на процесите и потребите на секоја компанија, нејзиниот начин на работа со превозниците и добавувачите.

Тим за развој

Многу време поминуваме во комуникација со клиентите и разбирање на нивните потреби. Развојот на сите софтверски компоненти е во доменот на нашиот искусен и мотивиран тим.

Искуства на различни индустрии од регионот

Следејќи го растот и развојот на своите клиенти, се развиваше и Lognet. Нашите клиенти се од различни индустрии, различни култури и подрачја на зборување. Сите работат и комуницираат едни со други на платформата Lognet.

Интеграции со други софтвери

Компаниите истовремено користат повеќе софтвери за управување со нивното работење. Lognet се интегрира со постојните софтвери за да компанијата работи во уникатно и познато информатичко опкружување, користејќи го најдоброто од секој софтвер.

ЗА НАС

Апликацијата Lognet лансирана е 2009 година. Повеќе од 10 години развиваме софтвери за логистичката и транспортната индустрија и растеме заедно со нашите партнери. Нарачувањето на услуги за превоз преку телефон или е-пошта е непрактично и одзема многу време. Преговарањето за датумот на испорака на стоката со доставувачите без увид во состојбата на активностите во магацинот создава непотребно чекање. Онлајн платформата Lognet, достапна на сите, ги поврзува нарачувачите на превоз со превозниците, купувачите со доставувачите, а магацините со сите странки со кои соработуваат.

Нашиот тим има долгогодишно искуство во областа на логистиката и компјутерското програмирање. Со разбирање на потребите на нашите клиенти, создаваме производи што ќе им овозможат да постигнат уште повисоки цели.

ИНДУСТРИИ КОИ ШТО ГИ ПОКРИВАМЕ

Lognet има софтверско искуство во различни индустрии. Развиваме софтвери за транспорт на разни видови стока, од товар во палети до расфрлен товар, како и добиток, со различни температурни режими и видови на транспорт. Погледнете ја листата:

  • Храна

  • Трговија

  • Дистрибуција

  • Индустрија

  • Земјоделство

  • Транспорт

  • Фармацевтска

Настани

  • 9. Logistička konferencija Logistike & Transporta Beograd

    Zlatni sponzor

    Lognet je predstavio trendove u transportu. Upravljanje troškovima transporta i skladištenja uvijek je bilo u fokusu supply chain managera. No sada digitalizacija i mrežni rad daju potpuno novu perspektivu i omogućavaju kompanijama oboje i ubrzavanje procesa i smanjenje troškova. Zelena tranzicija i briga za okoliš dobivaju sve veću ulogu u oblikovanju poslovanja naših partnera. Lognet Zeleni indeks motivira kompanije na dodatnu brigu o okolišu.

  • Supply Chain Summit (Самит на снабдувачки синџири) Загреб 2019

    Златен спонзор на конференцијата

    Рампи за товарење и истовар им недостасуваат на многу компании. Често на исти рампи доаѓаат транспортни возила организирани од самата компанија, возила со стока испратена од доставувачите, или клиенти кои доаѓаат по стока. Lognet yard management на иста платформа им овозможува управување 24/7 на сите учесници на спомнатите процеси во магацинот. На конференцијата беше презентиран случај на интегрирано решение на софтверите на Lognet и Lognet yard management.

  • Supply Chain Summit Белград 2019

    Златен спонзор на конференцијата

    Lognet заедно со Јамница, водечки производител и дистрибутер на вода и сокови во регионот, ја презентираше организацијата на превозот и yard management-от. Посебено беа анализирани информатичкото опкружување и интеграциите на Lognet - SAP и Lognet - Ortec, како и заштедите што Јамница ги постигна со користењето на Lognet.

  • 8. Logistička konferencija SLA Beograd 2019

    Златен спонзор

    Колку технологија може да помогне да се постигнат заштеди во транспортот и складирањето? Lognet ја претстави важноста на брзиот проток на информации и неговото влијание врз видливите и невидливите трошоци. Покрај видливите трошоци за кои компанијата добива фактура од доставувачите, посебно беа анализирани „невидливите“ трошоци, од времето кое диспечерот го поминува за организација на транспортот, превозникот во чекање, а магацинот во прием на возилата и начините како со нивно намалување да се постигне поефикасна организација на транспортот и складирањето.

 

Што велат партнерите